Подобар скрининг на градите

Подобар, поевтин и побезбеден начин за да се детектираат знаците за тумор, претставува системот со микробранови сигнали, вели Нил Епштајн од Универзитетот во Калгари, Канада кој заедно со своите колегии го опиша овој систем во весникот „Review of Scientific Instruments“.

Снимањето со микробранови сигнали се потпира на познатите разлики во т.н. диелектрични својства на канцерогеното и нормалното ткиво, односно нивната способност да спроведуваат електрична енергија или да одржат електрично поле. При оваа техника, градите се поставува во течност и не се притискаат, туку се опкружуваат со 16 антени. Секоја антена поединечно ја осветлува градата со многу мал микробранов сигнал (со моќ еднаква на еден илјадити дел од моќта на мобилниот телефон), додека другите 15 антени го примаат сигналот емитуван преку градата. Ова се повторува за сите 16 антени, со што се обезбедуваат податоци кои може да се користат за да се направи 3D презентација на градата, со што лесно ќе се види местоположбата на нормалното и канцерогеното ткиво.

„Всушност, системот е сличен на оној на компјутерската томографија каде што градата се озрачува од сите страни и податоците се синтетизираат за да се создаде слика на внатрешните структури“, велат истражувачите.

Системот со микробраново снимање не може да ја обезбеди просторната резолуција што ја обезбедува мамографијата, меѓутоа откако ќе ги локализира туморите, може подобро да ги идентификува и да одреди дали тие се бенигни или малигни, испитување што сега се прави преку биопсија на ткивото.

Истражувачите сфаќаат дека овој недостаток ги ограничува конвенционалните техники на снимање, па затоа го претставуваат овој систем со микробраново снимање како еден од алтернативните начини за да ги подобрат.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt