Погледнете како новите роботи склопуваат столче од “Икеа”

Познато ви е чувството кога отворите кутија со спакувано парче мебел во која стои лист хартија како неразбирливо упатство за склопување и не знаете што со него? Составувањето на ваквите парчиња за многу од нас претставува ултимативен тест за трпение вештина.

За таа цел на помош доаѓа новиот робот кој може да состави столче од „Икеа“ за само неколку минути.

Роботот беше развиен од страна на неколку научници од технолошкиот факултет во Сингапур – „Nanyang“. За својот проект за развој на прецизен роботски систем одбрале парче мебел од Икеа.

Програмирањето на роботот, направен од рака, фаќалки, сензори и 3Д камери траело три години, за на крај роботот да го постигне невозможното. Имено, овој робот може да го состави древниот стол на „Икеа“ за 8 минути и 55 секунди.

Иако на прв поглед делува тривијално, ваквиот вид на задачи за роботите сеуште е доста тежок, бидејќи вклучува голем број вештини: препознавање на парчињата, прецизна манипулација со деловите, планирање и координација на движењето, прецизен вид и тактилна чувствителност за да се избегне кршење на составните делови.

Целта на ова истражување, првично објавено во списанието Science Robotics е да се испита дали роботските системи кои веќе се присутни на пазарот можат да се прилагодат за извршување на ваков вид комплексни задачи.

Експертите за вештачка интелигенција засега ќе продолжат да работат на унапредување на способностите на роботите, бидејќи засега роботот може да склопува само столчиња.

enauka.mk
9,241наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.