Погледнете во футуристичката внатрешност на летало на „Спејс икс“

„Спејс икс“ го понуди овој фасцинантен поглед во внатрешноста на преуреденото вселенско леталото „Crew Dragon“, кое со измените во својата внатрешност сега ќе овозможи во него, во вселената, да патуваат и луѓе.

Ова летало влезе во историјата во 2012 година како прво комерцијално летало за достава на товар до и од Меѓународната вселенска станица. Но, ова товарно вселенско летало сега е реновирано и плени со футуристичкиот изглед на седиштата, заедно со екраните, четирите прозорци и контролните панели.

Сѐ изгледа неверојатно. Од естетска гледна точка, внатрешноста изгледа апсолутно фантастично. Во блиска иднина „Crew Dragon“ ќе превезува само обучени астронаути од НАСА. Се планира леталото да однесе екипаж од четворица на Меѓународната вселенска станица во 2017 година, што ќе претставува првиот комерцијален лет што ќе носи астронаути на НАСА.

Надежите се и дека нема долго да се чека пред „Спејс икс“ да овозможи летови за приватни патници, иако никој засега точно не може да каже кога ќе се случи тоа. Имајќи го ова предвид, треба да се нагласи уште една важна работа – во леталото нема тоалет. Затоа сите потенцијални аспиранти за пат во вселената нека го имаат ова на ум за да избегнат непријатни моменти од типот „Ти реков да одиш пред да полетаме“.

 

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt