Научниците од лабораторијата „Колд Спринг Харбор“ (CSHL) сега го оспорија ова верување. Споредувајќи глувци и стаорци, забележани се многу слични нивоа на интелигенција, резултат што би можел да има моќни импликации за понатамошното истражување на однесувањето и учењето.
Зошто е ова толку значајно?
Имено, стаорците често се користени во најразлични експерименти. Тие се релативно ефтини, лесни за одржување и постојат веќе утврдени протоколи за нивно истражување. Во последните неколку години, се забележува експлозија на бројот на генетски алатки на располагање за испитување на нивните помали роднини, глувците. Овие алатки им овозможуваат на научниците да манипулираат со гените на одредени видови на неврони, што претставува клучна активност за разбирање на нервните механизми и однесувањето. Многу истражувачи избегнуваат користење на овие нови алатки, сепак, верувајќи дека глувците едноставно не се толку интелигентни како стаорците.
„Глувците имаат потенцијал значително да го забрзаат процесот на истражување. Не сакавме да пропуштиме значајна опција врз основа на субјективни докази за нивната инфериорност”, вели Задор, претставник на лабораторијата.
Систематски се тестирани перцептивните способности и адаптабилноста. Пронајдена е само една разлика, стаорците малку побрзо ги извршуваат задачите.