Политика на гавраните: раздели па владеј


Гавраните живеат во сложени социјални групи и може да стекнат моќ преку создавање на социјални врски кои функционираат како сојузи. Биолозите откриваат дека гавраните користат стратегија „подели па владеј“ со тоа што ги спречуваат другите гаврани да градат сојузи преку прекинување на нивните обиди за поврзување.

Томас Багниар и неговиот тим со години го проучувале однесувањето на приближно 300 диви гаврани во северно-австриските Алпи. Тие забележале дека  гавраните полека градат сојузи преку интеракции како на пр. играње и „заведување“. Исто така, забележале дека таквите интеракции биле редовно прекинувани од стана на трет гавран. Иако во 50% од случаите, овие интервенции биле успешни и ги разделувале двата гаврани, постои ризик кога двата гаврани ќе се здружат и ќе го избркаат третиот гавран.

Истражувачите откриле дека овие интервенции не биле случајни. Гавраните кои веќе имале изградено сојуз се обидувале да ги прекинат интеракциите на оние кои биле во процесот на градење.

„Поради нивната веќе воспоставена моќ, гавраните кои веќе имаат сојуз можат да си дозволат таква ризична стратегија“, објаснува главниот автор, Јорг Масен.

„Тие посебно целат кон гавраните кои се во процесот на остварување на нов сојуз, со цел преку стратегијата „подели па владеј“ да ги спречат да им станат конкуренти во иднината“.

Масен објаснува дека за време на интервенцијата, птиците кои се обидуваат да изградат сојуз не претставуваат закана за птиците кои веќе имаат изградено.

„Изгледа дека гавраните ги следат односите помеѓу другите гаврани и знаат точно кога треба или не треба да интервенираат“, вели Масен.


За прв пат е опишан ваков софистициран политички потег кај други животни, освен кај луѓето.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt