Порното не е зависност!?

Некои тврдат дека порното поттикнува сексуално насилство и му штети на односот. Други, пак, велат дека порното е препорачливо за здрав сексуален живот.

Како и да е, новите наоди се согласуваат за едно, а тоа е дека порното НЕ е зависност.

Истражувањето од страна на невролозите во УКЛА покажа дека кога луѓето гледаат еротски слики, реакциите во мозокот се спротивни од оние за зависност, како на пример кокаинот, цигарите и коцкањето – и затоа треба да се третира со различни терапии.

Вашиот мозок и порното

Обично, зависниците покажуваат зголемување на мозочните реакции на објектот на зависност. Сепак, новите наоди, објавени во списанието „Biological Psychology“, покажаа дека кај луѓето кои се борат со прекумерно гледање на порнографија овие реакции се намалуваат.

Методологија на истражувањето

Истражувачите имале примерок од 122 мажи и жени. Некои од нив се бореле да ја контролираат нивната употреба на порнографија, додека други гледале порно, но изјавиле дека немаат било какви проблеми со навиките за гледање. На учесниците им биле покажани различни слики – некои сексуални, некои не, а нивните мозочни бранови биле следени со помош на електроенцефалографија.

Со користењето на ЕЕГ, се мери крајниот позитивен потенцијал (LPP) во мозокот, показател на интензитетот на емоционалниот одговор“, објаснува ко-авторот д-р Дин Сабатинели.

Нивниот мозок не беше осетлив на сексуалните слики, што е важно, затоа што секоја друга супстанција, односно зависност покажува сензибилизација во LPP,”  вели Д-р Никол Праус, невролог на Универзитетот и главен автор на студијата.

Всушност, во претходното истражување, Праус и нејзините колеги покажаа дека кај зависниците од кокаин се зголемуваат LPP реакциите на слики на кокаин.

Ова се случува со слики на цигари кај пушачите и слики на игри кај коцкарите, меѓу другото. Фактот дека реакциите кај оние кои пријавуваат проблеми со нивните порно навики, го прави порното различно од останатите утврдени зависности.

Зависност – под некое друго име?

Па што да правиме со фактот дека многу луѓе се борат со неконтролирана желба да гледаат порно?

Додека овие однесувања може да биде доволно изразени, со неопходност од стручна помош, авторите на истражувањето тврдат дека означувањето на порното како зависност доведува до скапи и неефикасни третмани, кои можат да ја влошат ситуацијата.

Значи, ако порното функционира поинаку од другите зависности, би било логично да се третира поинаку.

„Acceptance and Commitment Therapy“ е еден од потенцијалните пристапи кој се покажал доста ефективен во почетните клинички испитувања . Праус исто така ја истражува длабоката мозочна стимулација за трајно намалување на сексуалниот нагон.

Авторите порачуваат дека ова прашање е важно и терапевтите имаат одговорност на своите пациенти да им обезбедат помош која е конзистентна со науката.

Поддржете ја нашата работа: