„Ако земете витамин Д и го ставите на клетките на ракот на простатата, ќе забележите дека го спречува нивниот раст. Меѓутоа научно не е докажан како средство против ракот. Сакавме да разбереме кои гени витаминот Д ги вклучува или исклучува кај ракот на простатата за да имаме нови цели“, вели Џејмс Р. Ламберт, истражувач во Центарот за рак на универзитетот во Колорадо и професор на одделот за патологија во медицинското училиште на Универзитетот во Колорадо.
„Мислевме дека има високи нивоа на „GDF-15“ во нормалните ткива, а ниски нивоа кај ракот на простатата, меѓутоа откривме дека во голема група на примероци од ткиво на простатата, нема „GDF-15“ ниту кај нормалното ниту кај канцерогеното ткиво на простатата“, вели Ламберт.
Тогаш, тимот забележал нешто интересно: нивото на „GDF-15“ било ниско кај примероци од ткиво на простатата кои имале воспаление.
„Се смета дека воспалението предизвикува многу видови на рак, вклучувајќи рак на простатата, на желудникот и на дебелото црево. Затоа, „GDF-15“ може да биде од голема важност за ткивото на простатата да биде здраво бидејќи го намалува воспалението што може да го предизвика ракот“, вели Ламберт.
Генот „GDF-15“ покажал дека го потиснува воспалението со тоа што потиснува друга цел, односно „NF kB“, којшто всушност го предизвикува воспалението и допринесува во формирањето и растот на туморот. Истражувачите претходно не можеле да ја намалат способноста на „NFkB“ да формира тумор.
„Од оваа гледна точка на поврзаноста на витаминот Д и ракот на простатата, постигнавме напредок во разбирањето на тоа како можеме да го насочиме „GDF-15“ кон „NFkB“, што може да биде од корист и за другите типови на рак, освен ракот на простатата.