Но, малку се знае за тоа како перцепцијата за себе влијае на доживувањето на сиот спектар на последици и импликации.
„Наодите од ова истражување покажуваат важни и необични разлики во тоа како луѓето се перцепираат себеси и другите во однос на позитивните и негативните последици од користењето на Фејсбук”, вели водечкиот автор Сани Јунг Ким, постдокторски соработник-истражувач во Истражувачкиот центар за психијатрија и Центарот за технологија на Медицинскиот факултет во Дортмунт.
Истражувачите анкетирале 237 активни корисници на Фејсбук на возраст помеѓу 18 и 37 години. Од учесниците било побарано да ги проценат сопствените и туѓите негативни и позитивни искуства од Фејсбук. Биле прашани и за нивните лични ставови за прописите на интернет, за користењето на Фејсбук и зачестеноста на користење.
Резултатите покажале дека корисниците на Фејсбук со т.н. оптимистична пристрасност (при што поединецот верува дека тој има помал ризик да биде изложени на негативни последици од останатите) силно ги подржуваат интернет прописите за заштита на другите корисници од социјални непријатности, но не и од психички негативните ефекти, вклучувајќи депресија и осаменост. Недостатокот на поддршка во врска со психолошките штети може да биде поради тоа што психичкото здравје не е подложно на прописи или пак поради потценување на ефектите.
Корисниците на Фејсбук кои пак негативно го доживуваат сајтот, или кои ретко го користат, сметаат дека другите луѓе имаат поголема веројатност за позитивен исход. Оваа реверзибилна оптимистична пристрасност е нова и интересна.
Кога наводно позитивните последици, како на пример општествената помош од пријателите на Фејсбук, ги доживуваме како ирелевантни за себе, позитивноста се поништува.
Иако некои од експертите тврдат дека се’ уште е рано да се тврди дека користењето на Фејсбук е директен показател на екстремни настани како што е клиничка депресија и самоубиствени обиди, се поголем број на истражувања јасно го покажуваат спротивното.
Без соодветна заштита, штетата може да стане сериозна. Ова е особено случај за оние кои се во ранлива здравствена состојба и кои имаат тенденција да очекуваат негативни настани.
Авторите, сепак сметаат дека Фејсбук може да послужи како извор на емоционална поддршка помеѓу корисниците и како платформа за дистрибуирање на здравствени пораки за да се спречат негативните психолошки последици од користењето на Фејсбук. Со оглед на тоа дека често се споделуваат лични настани, може да послужи и за набљудување на негативната психолошка состојба на корисниците.