Почитувани пријатели и љубители на астрономијата,
Скопското астрономско друштво ја започнува новата сезона на предавања на популарни астрономски теми, со предавањето потрага по Земја 2.0 – преглед на техниките кои се користат за откривање на екстрасоларни планети со посебен осврт на неодамнешното и возбудливо откритие на „Proxima b“, планета која орбитира околу втората наблиска ѕвезда до нас, „Proxima Centauri“. (Најблиска ни е, секако, Сонцето)
Ќе го споменеме и случајот со „Ѕвездата на Таби“, за чија мистериозна промена на сјајот научниците предложија егзотични решенија.
Предавањето ќе се одржи во амфитеатарот при Факултетот за електротехника и информациски технологии во четврток (29 септември 2016) со почеток во 8 часот навечер. Влез: 100 денари.
За повеќе информации посетете ја официјалната Фејсбук страница на Скопското астрономско друштво.