Прекрасното дрво жабутикаба

Бразилското дрво што се нарекува жабутикаба, ширум светот е познато по една карактеристика – тоа што раѓа плодови директно од своето стебло.

Овошјето „жабутикаба“ или „Plinia cauliflora“ има пурпурно црна боја и бела внатрешност. Ова дрво е широко распространето во државите Минас Гериас и Сао Паоло на југот од Бразил. Покрај тоа што е популарно во Бразил, овошјето многу се конзумира и во Аргентина, Перу, Парагвај и Боливија.

1

Овошјето има одличен вкус. Внатрешноста е слатка и сочна, додека лушпата има остар киселкаст вкус. Плодот е во вид на бобинка со големина од 3 до 4 сантиметри во дијаметар.

2

Дрвото во Калифорнија расте најмногу од 3 до 4,5 метри во височина, додека во Бразил, во зависност од видот достигнува висина помеѓу 4 и 14 метри. Додека е младо, листовите му се црвено-розеникави, а со стареењето добиваат зелена боја.

Ова дрво е исклучително богато разгрането. Гранките почнуваат од близината на тлото, па се гранат косо и во височина, така што густата заоблена крошна може да достигне иста ширина како и висина. Дрвото е многу адаптабилно, а влажна, слабо кисела почва се смета дека е најпогодна за негово одгледување, иако може да се користат и алкалните,  песокливи почви.

Цветот на дрвото е негова најатрактивна карактеристика – се развива директно од теблото, појава позната како каулифлорија.

5

Плодовите се користат за многу намени. Може да се конзумираат како свежо овошје или за производство на џемови, овошни пасти, јаки вина и ликери.

Еден од проблемите со ова овошје е тоа што во свежа состојба откако ќе се собере може да издржи кратко време – максимум 3 дена, поради што тешко може да се најде подалеку од местото на одгледување.

Најважата корист од ова овошје е тоа што е богато со многу антиоксиданси, анти-воспалителни и анти-канцерогени компоненти. Докажано е дека е исклучително корисно во лекувањето на респираторни заболувања, како астма, за третирање на дијареа, како и против опаѓање на косата. Неговиот богат минерален и витамински состав го прави одличен тоник и храна за детоксикација на организмот. Исто така е корисен извор на  протеини за луѓето кои се вегетаријанци.

Вака изгледа дрвото и неговите плодови во целиот свој раскош

4

6

Извор:UNB Facts

Поддржете ја нашата работа: