Претставен „Аеромобил 3.0“ летечкиот автомобил

Ова е последниот надграден прототип дизајн на овој импресивен летечки автомобил, за кој неговите создавачи велат дека ќе ја револуционизира транспортната индустрија.

Прототипот бил претставен на технолошката конференција во Виена на 29-ти октомври. Неговите пронаоѓачи, Стефан Клајн, словачки инженер и главен дизајнер на „AeroMobil 3.0“ и Јурај Вакулик, извршен директор, велат дека работеле на овој проект во последниве 30 години и дека нивниот сон за целосно функционален летечки автомобил конечно ќе се оствари.

„Планираме дека некаде помеѓу 2016/2017 година ќе може да се испорача и првиот производ на потрошувачите, но ова прашање останува се уште отворено . Сега за сега, го тестираме“, вели Јурај.

Летечкиот автомобил тежи само 400кг. и има опсег на летање од 700км. Сегашниот прототип има крилја со распон од 8 метри. Работи на бензин и троши само 7,5 литри на 100км. Последното надградување вклучува и карактеристики кои ќе се најдат во финалниот производ, како на пр. авионска опрема, автопилот и напреднат систем со падобран.

„Ова не е играчка за дечиња. Не е нешто чудно за во холивудските филмови. Ова е нешто што е навистина неопходно за личниот транспорт бидејќи можноста да полета и да го избегне сообраќајниот метеж го прави многу поефикасно и побрзо средство за транспорт“, вели Јурај.

Автомобилот лесно вози по улиците со крилјата собрани навнатре за да не ги оштетува останатите возила, а кога ќе посакате да се вивнете во небото, потребни се само неколку секунди за крилјата да се отворат. Се што е потребно за автомобилот да полета се околу 200м. рамна земја. Тимот, во моментов, се обидува да ја намали „пистата“ која што му е потребна за да полета, бидејќи толкава далечина е тешко да се обезбеди во урбаната средина.

Меѓутоа, колку и да е импресивна оваа опрема, тешко дека летечките автомобили ќе станат популарни уште многу долго време, и самиот Клајн е свесен за тоа. Со тоа што градењето на патишта е скапо, а воздухот е бесплатен, Клајн вели дека „Aeromobil“ би бил најмногу корисен во слабо населените земји каде што заедниците се поврзани само со земјени патишта.

 

 

enauka.mk
9,244наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,762денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.