Промените на стапалата – индикатор за вашето здравје

Ако не ви се допаѓа како ги чувствувате или како изгледаат вашите стапала, ќе треба да посветите поголемо внимание, бидејќи промените на стапалата може да бидат индикатор за сериозни состојби поврзани со севкупното здравје на организмот.

Еве неколку такви состојби:

  1. Трнење и грчеви во стапалата

Трнењата и грчевите во стапалата обично се знак дека мускулите не се подготвени за ненедејна активност. Според клиниката „Мејо“, тие може да бидат знак дека мускулите не добиваат доволно кислород бидејќи телото е дехидрирано. Сепак, може да бидат поврзани и со циркулацијата или нервното ткиво, како недоволно снабдување со крв или компресија на нервите. Грчевите и болките во мускулите може да се намалат со носење соодветни и удобни обувки, особено за подолго пешачење или трчање. Умереното вежбање, исто така може да ги олесни овие спазми.

  1.  Болна пета

Удар на стапалото по цврста површина или долго стоење може да предизвика остра болка на долниот дел од петата. Ова, според „Healthline“, може да е показател за плантарен фасцилитис, кој се развива кога ќе се воспали ткивото што ја поврзува петата со предниот дел од стапалото. Обично ова е предизвикано од носење на тесни чевли, апостолки или кај спортисти кои често трчаат и лица кои рекреативно трчаат. Експертите во вакви случаи препорачуваат да се намали вежбањето, да се изберат друг вид обувки и да се практикуваат редовни истегнувања.

  1. Отечени стапала

Доколку не сте бремени, долго време стоите на нозе или сте имале долго патување, отечените стапала може да бидат индикатор за некоја сериозна медицинаска состојба. Постојано отечените стапала може да бидат резултат на проблеми со циркулација, со лимфниот систем или со згрутчувања на крвта. Ако не се третира, ова состојба може да го попречува заздравувањето на раните и да доведе до инфекции и деформитети.

  1.  Постојано ладни стапала

Многу луѓе, а особено жените изјавуваат дека имаат студени стапала, што едноставно не можат да ги загреат. Една од причините за оваа појава е слабиот проток на крвта, што пак може да е поврзано со пушење, висок крвен притисок или проблеми со срцето. За лошата циркулација придонесува и седечката работа, како што е канцелариската, но тоа може да се надмине со секојдневна мала прошетка. Покрај ова, до ладни стапала може да доведе и оштетување на нервите како последица на неконтролиран дијабетес. Други состојби на кои може да укажуваат ладните стапала се хипотироидизам (намалена функција на штитната жлезда) и анемија. Хипотироидизмот предизвикува ладни нозе и раце, опаѓање  на косата и зголемување на телесната тежина.

  1. Нокти на нозете во облик на лажичка

Ноктите треба да се издигнати на средината и кон врвот, и малку да се завиткани надолу. Ако обликот на ножните нокти е во облик на „лажичка“, тоа укажува дека физички нешто не е во ред. Ова обично значи анемија од недостаток на железо во организмот, што во потешките случаи се манифестира со конкавни нокти на прстите на нозете. Предизвикана е од ниско ниво на хемоглобин во крвните клетки кој го пренесува кислородот.

  1. Жолти нокти на нозете

Ова е типична појава кај жени кои со месеци ги лакираат ноктите на нозете без да направат пауза. Иако, ноктите природно пожолтуваат со стареењето, ова може да биде и знак на псоријаза. Ноктите на нозете кои имаат задебелувања со жолтеникав и кафенкаст изглед се еден од симптомите на оваа кожна болест.

Поддржете ја нашата работа: