Пронајдена необична бронзена рака стара 3500 години

Швајцарските научници биле доста изненадени кога откриле нешто необично за време на истражувањето: станува збор за бронзена рака.

Во исто време биле зачудени, но и свесни дека пронашле нешто многу важно, бидејќи никогаш до сега ваков премет не е пронајден на подрачјето на Европа. Токму поради таа причина научниците не можат точно со сигурност да кажат за што се користела таа рака и на кому му припаѓала.

Таканаречената “Hand of Preles” е пронајдена во 2017 година во близина на езерото Биел во Берн, во гроб заедно со бронзено шило. Пронајдено е и човечко ребро. Ова лето археолозите работеле на истото наоѓалиште, при што пронашле и остатоци од човечки скелет.

Во неговиот гроб се наоѓал бронзен брош, бронзен украс и златни парчиња кои можеби исто така биле дел од бронзената рака. Имено, на бронзената рака се наоѓала и широка златна нараквица. Според мислењето на експертите, таа била симбол на моќ, но не знаат дали била дел од некоја скулптура или само украс. Натамошните испитувања покажале дека раката настанала во периодот помеѓу 1500 и 1400 година п.н.е.

Овде се работи најверојатно за најстариот предмет на светот кој е изработен од бронза и прикажува дел од човечко тело.

Кога би се открил идентитетот на човекот, чии остатоци се пронајдени во гробот, би можело да се разбере и за што служела раката. Според мислењето на научниците овој човек најверојатно бил важен, а раката доказ за неговата припадност во социјалната елита или знак на божество. Доколку била дел од скулптура, тогаш можеби станува збор за најстарата скулптура од бронза на подрачјето на Европа.

Археолозите од Берн моментално спроведуваат детални истражувања и анализи, чии одговори се очекуваат за неколку месеци.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,230од 2014 година
ВКУПНО ДОНИРАНО—податоците се подготвуваат

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.