Пронајдени докази за живот во минатото на Марс

Геолозите кои работат во северниот дел на Чиле пронајдоа сличности помеѓу остатоци од силика на топлите извори на Земјата и остатоците форографирани на Марс пред 9 години – и сметаат дека тие може да се доказ за живот во минатото на Црвената Планета.

Ваквите видови на остатоци на Земјата обично содржат фосили од микроорганизми, и иако роверот на НАСА „Spirit“ не можел да бара докази за живот во 2007-мата година, ова истражување може да поттикне посета од уште еден ровер на површината на Марс.

Тимот од Државниот универзитет во Аризона бил во потрага по структури на силика во „El Tatio“ слични на оние кои се формирани на Марс, и вели дека најблиску до нив се оние произведени од комбинација на биолошки и не-биолошки процеси – таложењата од топлите извори создадени со помош на мали организми.

„Фактот дека микробите играат улога во производството на специфичните структури на силика во „El Tatio“ ја зголемува можноста дека ваквите структури на Марс се формирале на сличен начин. Со други зборови, со помош на микроорганизми кои биле живи во тоа време“ – вели еден од истражувачите Стив Раф.

Оваа идеја дека топли извори ги создале таложењата на површината на Марс е покрената уште кога за првпат биле фотографирани, но овие откритија во Чиле и даваат на хипотезата поголем кредибилитет.

Тоа е делумно затоа што околината на „El Tatio“ е многу слична на Марс: ниски температури во текот на ноќта, многу ултравиолетова светлина од Сонцето, и тенок,сув воздух.

„Ваквите услови обезбедуваат подобар животен аналог за Марс отколку оние во Националниот парк Јелоустоун (САД) и други познати геотермални локации на Земјата“ – додава Раф.

Сепак, истражувачите не ја исклучуваат и можноста дека остатоците на силика на Марс биле создадени од не-биолошки процеси.

Врз основа на она што го знаеме за Марс досега, многу е веројатно дека единствените антички фосили кои ќе ги пронајдеме ќе бидат микроскопски. Проблемот е да се знае каде да се бараат, за што новото истражување треба да помогне. Следниот ровер на НАСА кој треба да се упати кон Црвената планета се планира за 2020 година. За жал, роверот „Spirit“ беше деактивиран во 2011-тата година откако се заглави во мека почва.

Погледнете ги сликите (Марс на левата страна, Чиле на десната).

74414376b0725a7938ff6e00b52d043b-1480001606

Поддржете ја нашата работа: