Еден тим од меѓународни археолози веруваат дека овој пар на мумифицирани нозе што се прикажани на горенаведената фотографија, направена во италијански музеј, припаѓаат на египетската кралица Нефертари – омилената сопруга на фараонот Рамзес II.
Д-р Стивен Бакли и професор Џоан Флечер од Универзитетот на Катедрата за археологија во Њујорк, кои биле вклучени во тимот, ги искористиле радиојаглеродното датирање, антропологијата, генетиката и хемиската анализа со цел да ги идентификуваат останките.
Тие заклучиле дека „најверојатно мумифицираните колена навистина припаѓаат на кралицата Нефертари“.
Како омилена сопруга на фараонот Рамзес II, Нефертари била обезбедена со најубаво украсени гробница во Долината на кралиците, во која неодамна му бил даден пристап на професорот Флечер.
Иако во античките времиња се случувале доста грабежи, на гробот, за прв пат ископан од страна на италијанските археолози во 1904 година, се’ уште се содржани предметите кои се испратени во Египетскиот музеј во Торино.
Ова вклучува еден пар на мумифицирани нозе кои би можеле да бидат дел од подоцнежното закопување, како што бил нередок случај во другите гробници во регионот. Со оглед на тоа што нозете никогаш не се научно испитани, било одлучено да се направи неодамнешната студија за да разбереме дали нозете всушност би можеле да претставуваат сето она што остана од една од најлегендарните кралици на Египет.
Студијата, објавена во списанието „PLoS One“, откри дека нозете припаѓаат на возрасна жена од околу 40 години.
Хемиската анализа на д-р. Бакли утврди дека материјалите кои се користеле за да се балсамираат нозете се во согласност со мумификациските традиции од 13 век ПНЕ, кои се земаат заедно со наодите од други вклучени специјалисти, и најпосле треба да се идентификуваат.
Професорот Флечер вели: „Ова е највозбудливиот проект за мене досега, и голема е привилегијата да се работи заедно со некои од светските водечки експерти во оваа област”.
„Јас и Стефан имаме долго искуство во студирање на кралски мумии од Египет и доказите кои што успеавме да ги собереме во врска со остатоците на Нефертари не само што ги надополнуваат нашите истражувања за кралицата и нејзиниот гроб, туку и навистина ни овозможуваат да додадеме уште едно парче во мозаикот за она што го знаеме во врска со египетската мумификација”.