Проверете дали сте морничави?

Дали постои нешто, како на пример некои универзални карактеристики според кои некои луѓе се класифицираат како морничави?

Токму тоа се труди да го открие еден тим на психолози, во нова студија која тие ја нарекуваат „првата емпириска студија на морничавост“. На нивната листа има некои прилично изненадувачки карактеристики кои повеќето од нас сме ги правеле во одреден момент.

Психолозите велат дека целта на оваа студија е да се воведе теоретска перспектива на честото психолошко искуство на морничавост, односно со други зборови, да се идентификуваат основните градбени единици на она што го нарекуваме морничавост.

За да го постигнат тоа, психолозите им направиле анкета на 1.342 лица од сите возрасти (1.029 жени и 312 мажи) за тоа кои карактеристики ги сметаат за морничави кога на пример некој нивен пријател би им ја опишувал средбата со некое ново лице. Потоа, тие ги рангирале тие особини, како и одредени однесувања, професии и хобија, на скала од еден до пет.

1460526943968Генерално, на учесниците далеку поморничави им биле мажите отколку жените, меѓутоа тоа најверојатно се должи на големиот број на жени вклучени во студијата, а жените го оценуваат секој кој би можел да претставува сексуална закана како супер морничав.

Другите фактори биле послучајни, но во глобала се’ што правело луѓето да изгледаат непредвидливи се сметало за морничаво, што според психолозите претставува доказ дека морничавоста еволуирала за да не заштити од потенцијална опасност.

Издвојуваме некои од карактеристиките кои биле оценети како морничави и кои можеби би сакале да ги избегнувате кога запознавате нови пријатели:

– Гледате некој пред да започнете интеракција

– Многу ги допирате луѓето додека зборувате со нив

– Постојано го водите разговорот кон секс

– Барате да сликате некој веднаш по првата средба

– Имате многу бледа кожа

– Многу сте слаби

– Често ги лижете усните

– Се смеете во непредвидливо време

– Носите валкани алишта

– Работите како кловн

– Имате несредена коса

– Собирате кукли или инсекти (собирањето на нешто генерално се смета за морничаво, па можеби не треба да го споменувате тоа на првата средба)

– Имате чудна насмевка

– Стоите премногу блиску до луѓето

Creepy-SmileДодека некои од овие особини и не се толку лоши, доколку ги имате повеќето можеби треба да ги преиспитате вашите животни одлуки.

Истражувањето е објавено во „New Ideas in Psychology“.

Поддржете ја нашата работа: