Првата соларна велосипедска патека во Холандија


Искористување на Сонцето

Пилот- велосипедската патека е само еден мал сегмент од провинциските патишта во градот „Krommenie“, што се наоѓа околу 27км северно од Амстердам. Велосипедиската  патека е изградена од бетонски коцки во кои се вградени соларни ќелии. На врвот на ќелиите е поставено калено стакло со дебелина од 1 см.

Панелите можеби звучат  деликатно, но тие можат да ја издржат тежината и притисокот на камион, без да пукнат.  Бидејќи панелите се во фиксна позиција, тие генерираат 30% помалку енергија отколку оние инсталирани на покривите. За да се извлече максимумот, панелите биле поставени на аглите, со цел нечистотијата да се чисти со дождот.

Холандската  Организација за применети научни истражувања (TNO)  издвојува буџет од 3,74$ за проектот , наречен „SolaRoad“. Планот е патеката да изнесува 328 метри до 2016 година. Дотогаш, патот треба да генерира доволно моќ, отприлика за осветлување на 3 куќи.

Тест период

Сега, научниците,вршејќи мерења и и тестови, ќе ја следат велосипедската патека во период од три години. Тие првенствено сакаат да се утврди колку енергија , всушност, создава патеката со приближно 2000 велосипедисти дневно и какво е чувството да се вози на неа. Но, ако се оди добро,  експертите од „TNO“ веруваат дека до 20% (15000км) од патиштата во Холандија , може да се соларизираат.

Соларните патишта потенцијално би можеле да ги напојуваат семафорите, рампите, па дури и електричните автомобили.

Поддржете ја нашата работа: