Стартап компанијата „Мемфис митс“ (Memphis Meats) од Сан Франциско, го призвела првото, како што го нарекуваат „чисто пилешко“ месо, добиено од пилешки клетки во лабораторија, без да има потреба да се убие самото животно.
Компанијата која претходно го направи првото „чисто“ јунешко ќофте, го престави и првото „чисто“ пилешко месо.
„Мемфис Митс“ е една од биотек компаниите кои настојуваат да создадат и да комерцијализираат месо во лабораторија, кое ги има вкусот, текстурата и хранливите состојки на месото, но без да се убиваат животни.
Култивираните регенеративни пилешки клетки се ставаат во биореакторски резервори.Откако процесот на култивација, во раствор од шеќер и минерали ќе започне, потребно е да поминат само неколку недели, пред да биде месото спремно за конзумирање.
Пилешкото е најпопуларно месо во САД и секој Американец годишно во просек јаде по 40 кг од ова месо.
Тие што го пробале пилешкото велат дека месото е сочно, со богат вкус и дека не се разликува од она на кое сме навиканале.
„Чистото месо“ е 100 проценти вистинско месо и има таков вкус, затоа што е месо“, заклучува Емили Бирд од организацијата „Good Food Institute“, и додава дека неговиот вкус е „вкусот на иднината“.