Разговарајте тајно преку „Facebook Messenger“

После светското медиуско бомбардирање на Фејсбук и Гугл дека нивните апликации за комуникација се небезбедни и дека ги снимаат сите разговори, Фејсбук се одлучи да после тестирањето на група корисници ја пушти во употреба опцијата за тајни разговори преку неговиот „Facebook Messenger“.

Според информациите од Фејсбук, тајните разговори корисниците ќе можат да ги остваруваат само преку еден од своите мобилни уреди и истите ќе бидат енкриптирани со високо на заштита така што освен корисниците што комуницираат никој друг нема да може да ја следи или снима нивната комуникација, па дури ни самиот Фејсбук.

Апликацијата поседува и опција за автоматско бришење на разговорите после одреден временски интервал што самите корисници го одредуваат.

Иако на прв поглед ова звучи одлично сепак ќе видиме како оваа информација ќе ја примат големите разузнавачки и безбедносни служби на големите земји бидејќи, како што напишавме во една претходна статија, Франција и Германија бараат од Европската унија да им дозволи пристап до апликациите за размена на пораки на интернет.

Поддржете ја нашата работа: