Една мала биотехнолошка компанија од САД, во своите обиди успешно регенерирала кожа и стимулирала раст на влакната кај свињи со изгореници и гребнатини, со тоа отворајќи им пат за напредок на научниците, кој ќе овозможи регенерација на човечка кожа.
Компанијата PolarityTE Inc со седиште во Солт Лејк Сити, патентирала техника со која се користи здраво ткиво од пациентот со цел да се регенерира кожата кај изгорениците или раните.
И покрај неодамнешниот напредок во реконструктивната хирургија, пластичните хирурзи се уште не можат на пациентите кои имаат сериозни изгореници, да им обезбедат она што најмногу им треба, а тоа е нивната кожа.
Современите пристапи за лекување на изгореници се “значително ограничени” во нејзината ефективност, а во некои случаеви се премногу скапи, – вели директорот на компанијата.
Епицел, кожата за пресадување која ја продава Vericel Corp од Кембриџ во Масачусетс, не резултира функционална кожа со потребната дебелина, што е цел на компанијата ос Солт Лејк Сити.
PolarityTE своите прелиминарни истражувања ги спроведе на повредени свињи во Јута. Применетата терапија резултираше со обновена кожата без лузни, раст на фоликулите на косата, целосно заздравување на раните и прогресивна регенерација на сите слоеви на кожата.
Свинската кожа е поцврста и посложена од човечката, па успехот кај овој вид на животни обично значи дека ќе функционира и кај човекот.
PolarityTE ќе се обиде, својот изум да го тестира и на човечка кожа до крајот на годинава, а таа терапија треба да се најде на пазарот од 12 до 18 месеци, нагласува Lough, основач на компанијата, кој претходно работел како пластичен хирург во болницата Џонс Хопкинс.
“Ако биде клинички успешна, платформата PolarityTE може да доведе до првото научно откритие во лекување на раните и реконструктивната хирургија за речиси половина век”, вели директорот.
Откриената технологија има потенцијал да помогне во развој на целосно функционални ткива, вклучувајќи ги коските, мускулите, ‘рскавицата и црниот дроб.