Рехабилитација по повреда на ‘рбетниот мозок

Секоја година се случуваат околу 12 илјади повреди на ‘рбетниот мозок, најчесто предизвикани од сообраќајни несреќи, спортски несреќи, незгоден пад или прострелна рана. Со помош на соодветна нега и терапија овие повреди се санираат, но истражувачите постојано истражуваат обидувајќи се целосно да ги отстранат.

Едно истражување од Универзитетот во Сиднеј, Австралија покажува дека стимулацијата на периферните нерви може да го спречи оштетувањето на нервите поврзани со повредата, со што потенцијално ќе ги зголеми придобивките од сегашните третмани за рехабилитација.

Мускулите се контрахираат кога нервите кои ги контролираат ќе се активираат од електрични импулси од мозокот. Мозокот губи контрола над мускулите по повреда на ‘рбетниот мозок, бидејќи повредените нерви не се активираат лесно, или пак воопшто не се активираат. И периферните нерви (оние кои одат до екстремитетите) се исто така зафатени од повредата, влошувајќи ја атрофијата на мускулите. Ова оштетување на периферните нерви ги ограничува придобивките од терапијата за рехабилитација, како и можноста за спонтано закрепнување.

Според истражувачите, одржувањето на периферните нерви во функција веднаш по повредата може да ги намали здравствените компликации и да доведе до подобар исход.

Тие испитувале дали интензивна краткорочна терапија со симулација може да ја подобри функцијата на периферните нерви по повредата. Пациентите ги подложиле на 30-минутна електрична симулација на нервите, 5 дена во неделата, во текот на 6 недели на едната нога. Другата нога не била третирана. Сите учесници започнале со терапијата во рок од 6 месеци по повредата.

По 6 недели, оштетените нервите започнале да реагираат на електричните стимули на сличен начин како и здравите нерви. Кај другата нога немало никакви промени. Подобрувањата продолжувале доколу пациентот продолжувал со терапијата.

Според истражувачите, ова може да претставува нов пристап за спречување на долготрајните промени на нервите и функцијата на мускулите. Тие сметаат дека треба да се вметне во програмата за рехабилитација во раните фази на повредата.

Истражувањето е направено во „Journal of Neurophysiology“.

Енаука.мк (реобјавена статија)

Поддржете ја нашата работа: