Секој од нас слушнал за поделбата на мозокот на лева и десна хемисфера и за старомодното мислење дека одредени однесувања и карактеристики ги контролира само една страна од мозокот (што не е точно).
Прочитајте повеќе на Енаука.мк – Дали повеќе ја користите левата или десната страна од мозокот?
Но, во секој случај, точно е дека дефинитивно има две хемисфери на мозокот – лева и десна. Секоја од овие хемисфери добива половина од нашите визуелни информации, и управува со половина од нашето движење – левата страна од мозокот ја контролира десната страна на телото, а десната страна од мозокот ја контролира левата страна од телото.
Овие две хемисфери комуницираат преку серија нерви, кои како што се објаснува во видеото подолу, може да се пресечат – процедура што во минатото била користена како третман за епилепсија.
Сечењето на нервите, односно поврзаноста помеѓу левата и десната страна на мозокот може да доведе до нешто што е познато како поделен мозок.
Истражувањата на лицата со поделен мозок покажале дека десната хемисфера може да извршува активности за кои левата хемисфера не е свесна, па мора да измисли приказна за да ги објасни.
Погледнете го видеото за да разберете што се случува: