Реконструирано лице старо 9500 години

Ние немаме секогаш можност да погледнеме подлабоко во очите на изворната форма на историјата. Археолозите од Британскиот музеј ни дадоа шанса, за прв пат да видиме како изгледала 9500 години стара човечка глава од Ерихон.

Археолозите од една од најважните институции во светот, Британскиот музеј, успешно извршија реконструкција на една автентична глава од Ерихон, која датира од Каменото доба, или Неолитот. Ерихон е најстарата градска населба во денешна Палестина, и сознанието како изгледал тогашниот неолитски човек е од непроценлива вредност.

Благодарение на древните примероци од Ерихон кои денес сведочат за своето време, и обичаите нивните лица да се реконструираат со гипс, со школки на очите наместо боја и без фацијални исцртувања, ние денес имаме примероци од такви моделирани черепи.

Се верува дека овие черепи припаѓале на најзначајните личности од тоа време, воглавно мажи. Погледнете ја претпоставката како изгледал човек во зрели години пред реконструкцијата од археолог.
tumblr_ltwhjhxudq1r4kizgo1_500

Современата метода на микро-КТ скенирањето, на научниците им дала поглед кон сите детали на черепот и начин за лесна реконструкција. Скенирањето открило дека на черепот му недостигала вилица под гипсот, и дека горниот дел од забите бил во пропаѓање бидејќи личноста во некој период од својот живот се здобила со скршеница на носната коска.

Исто така откриле дека личноста била подложна на честите обичаи како врзување на главата од мали нозе, со цел да се продолжи и прошири черепот. Черепот со таков дизајн во тоа време се сметал за доста привлечен.

Покрај откритието на овие богати наоди, научниците не сакаат да престанат да истражуваат. Нивната намера е да дознаат корисни работи од ДНК која се надеваат дека ќе ја добијат без да го оштетат черепот. Ако тоа успее, и ако случајно така стара ДНК од остатоците има зачувано некои податоци, ќе имаме прилика да ги дознаеме бојата на очи и коса од наведениот човек.

Овие реконструкции со современи методи станаа доста популарни, особено ако се присетиме на успешниот австралиски потфат за реконструкција на лице на древна египетска мумија.

Во секој случај, секој кој е заинтересиран да го види ова лице нека го посети Британскиот музеј, каде што истото ќе биде изложено до средината на февруари следната година.

Поддржете ја нашата работа: