(ВИДЕО) Решена мистеријата за светлите точки на планетата Церера

Иако во последно време Плутон го добива целото внимание, нашата прва средба со џуџеста планета беше во март минатата година, кога вселенското летало „Dawn“ пристигна на Церера.

Церера е најголемиот објект во астероидниот појас и кога за прв пат беше откриена научниците сметаа дека е планета, за 10 години подоцна да утврдат дека е џуџеста планета. Иако поголемиот дел од нејзината површина е светол како асфалт, досега се забележани околу 130 светли точки кои ги збунуваа научниците. Тие претпоставуваа дека точките се направени од вулканска активност, сол или мраз.

ceres-bright-spots-mosaic

Сега, во истражувањето објавено во „Nature“, подетално објаснуваат дека точките содржат сол наречена магнезиум сулфат, а покрај тоа и други супстанци, вклучувајќи мраз.

Телескопот „Хершел“ откри дека има замагленост околу светлите точки што укажува на тоа дека некоја замрзната супстанца се претвора во гас, кога е загреана од сончевата светлина, па мразот се чини како добар погодок.

https://www.youtube.com/watch?v=YNjktBvsGA0&feature=youtu.be

Доколу навистина испарува водена пареа од светлите точки, тоа значи дека тие се едни од најмладите карактеристики на џуџестата планета, бидејќи инаку досега би испариле. Покрај тоа, ова е доказ за активни геолошки процеси кои се одвиваат на Церера и тимот на научници со нетрпение ја мапира геологијата и морфологијата на површината и ги анализира спектралните податоци за што побрзо да ги карактеризира овие процеси.

https://www.youtube.com/watch?v=YHniYnp3PK8&feature=youtu.be

Ова истражување исто така сугерира дека под површината на Церера има слој на солена вода, односно мраз, па така кога карпите од вселената ќе се удрат во нејзината површина се изложуваат мразот и солта. Доколку оваа хипотеза е точна, тоа објаснува зошто целата џуџеста планета е прекриена со светли точки.

Поддржете ја нашата работа: