Револуција во третирањето на мозочен удар

Новиот третман што се нарекува стент тромбектомија е минимално инвазивна процедура што се изведува со помош на ангиограм. Преку артерија во препоните се внесува мало цевче до мозокот за да се фати и отстрани тромбот.

Во Австралија и Нов Зеланд било спроведено клиничко истражување (EXTEND-IA) предводено од Кралската болница во Мелбурн, за да се утврди ефикасноста на оваа метода.

Оваа минимално инвазивна процедура била додадена на стандардната процедура на тромболиза (разложување на тромбот) со ткивен плазминоген активатор (tPA). Кај  89% од пациентите каде била користена оваа метода, бил воспоставен проток на крвта во крвниот сад во мозокот, во споредва со 34% од пациентите кои имале само стандардна тромболитичка терапија. Со додавањето на стент тромбектомијата на стандардната терапија со тромболиза, 71% од пациентите биле во состојба да се вратат на самостоен живот, за разлика од 40% од пациентите кои биле третирани само со стандардна терапија.

„Ова се исклучително импресивни резултати, со оглед на тоа дека третираните пациенти имале најтешки форми на мозочен удар, со што драматично се намалува можноста за инвалидитет кај пациентите. Резултатите од  „EXTEND-IA“ – истражувањето покажуваат дека оваа метода може да им помогне на илјадници луѓе со акутен исхемичен мозочен удар, а следниот предизвик е стент тромбектомијата да се воведе како стандардна процедура за третирање на мозочен удар“- велат истражувачите.

Резултатите од истражувањето се објавени во „New England Journal of Medicine“.

ЕНаука.мк e проект во кој главната движечка сила се лица со хендикеп и негови главни цели се враќање на интересот за науката и технологијата во нашите домови, институции и медиуми, како и да докаже дека вистинското место на лицата со хендикеп е во македонската наука и економија. Редовното посетување на нашиот портал, споделувањето и дискусија на интересните статии ќе овозможи одржливост на овој проект и ќе поттикне други слични идеи од кој бенефит би имало целото општество.

 

Поддржете ја нашата работа: