Самостојни подвижни платформи, опремени со ласери, камери и разни сензори, веќе се користат во потрага по експлозивни направи или жртви од земјотрес. Но американскиот софтверски гигант отиде чекор подалеку и својата „роботска флота за нагледување“ ја надополни со автомат во форма на куршум.
„K5s“ ,како што ги нарекуваат, се движат на просторот пред гаражите и паркинзите и со помош на „HD“ камера и едно чудо сензори, ја снимаат ситуацијата, многу слично на тоа што би го работел чувар-човек. Тие се во состојба да ги прочитаат регистарските таблички на возилата, да ги проверат податоците во базата на податоци, да детектираат невообичаени активности и за тоа да го известат претпоставениот.
Роботите – чувари не се вооружени. Тие се оспособени да извршат проценка на состојбата, да ја смират или ако е потребно со звучен аларм да повикаат човечка помош.
Батеријата на секој робот работи 24 часа, по што направата оди во станица на 20- минутно полнење.
Од компанијата „Knightscope“ од Калифорнија, која ги произведува овие роботи , велат дека нивните роботи ќе ја преземат оваа досадна и монотона работа, препуштајќи им на луѓето да се занимаваат со посложени работи.
Почитувани пријатели моментално сме во тест период на интернет порталот за наука и технологија enauka.mk . Нашата идеја е да создадеме медиум преку кој ќе се запознаваме со најновите релевантни светски истражувања и достигнувања, кои треба да придонесат како за поголема инволвираност на стручните лица и државните институции така и за поттикнување нови идеи и критичко размислување кај сите нас. Вашата поддршка со коментари и сугестии ни значи многу во овој наш развоен период и за тоа сме Ви однапред благодарни! |
{loadposition like_article} |