Роло монитор, тамам за во фиока

Новото истражување од  Универзитетот во Тел Авив, објавено неодамна во „Nature Nanotechnology“, укажува на тоа дека необична  ДНК-пептид структура може да се користи за производство на тенки, транспарентни и флексибилни екрани. Експерти од областа на  микробиологијата, биотехнологијата, хемијата и сродни науки, создадоа бионанотехнологија која емитува широк спектар на бои во еден пиксел еластичен слој – што е спротивно на неколкуте цврсти слоеви во денешните екрани.

 „Нашиот  материјал е  лесен, органски и еколошки. Тој е флексибилен  и еден слој емитува ист опсег на светлина како постоечките неколку  слоеви во дисплеите. Со користење на само еден слој, може  драматично да се минимизираат трошоците на производство, што води  кон пониски цени за потрошувачите“– вели тимот.

 Од гени до екрани

 За целите на  истражувањето, тестирани се различни комбинации на пептиди:  кратки протеински фрагменти  во кои се вградени ДНК елементи со цел да се  добие единствена молекуларна архитектура.

 Пептидите и ДНК се две од повеќето основни „градежни блокови“ на животот.  Секоја клетка во секоја форма на живот ги содржи. Во областа на  бионанотехнологијата, научниците ги користат за да развијат нови  технологии со својства кои не се достапни за неоргански материјали, како  што се пластиката и металот.

„Нашата лабораторија  работи со пептид нанотехнологија повеќе од една деценија, но ДНК нанотехнологијата е посебно и фасцинантно поле. Конкретно, во оваа студија, ние се фокусиравме на ПНК – пептид нуклеинска киселина, синтетички хибридна молекула на пептиди и ДНК. Ние дизајниравме и синтетизиравме различни ПНК секвенци за да изградиме нано-метрички архитектури со нив“– вели тимот.

Со користење на методи како што се електронска микроскопија и кристалографија со Х-зраци, истражувачите откриле дека три од  синтетизираните молекули за неколку минути самостојно формираат структура. Структурите личат на природната  двојна спирална форма на ДНК, но со изразени пептид карактеристики. Резултатот е нов молекуларен аранжман и двојност на материјалот.

Потоа тестирана е способноста на структурите за поврзување со ДНК специфични флуоресцентни бои. На изненадување на тимот, контролниот примерок, без додаток на боја, и експерименталниот, емитирале ист  флуоросцентност. Ова покажало дека структурата е природно флуоросцентна.

Низ виножито

Структурите емитираат светлина во секоја боја, за разлика од другите флуоресцентни материјали кои зрачат само во една одредена боја. Покрај тоа, емитување на светлината е забележано и како одговор на електричен напон.  Тоа го прави материјалот совршен кандидат за опто-електронски уреди како дисплеј екрани.

Поддржете ја нашата работа: