“Ние идентификувавме целосно нови видови кои би можеле да се користат за „phytomining“ кои претходно не биле познати на науката”, вели д-р Питер Ерскин, еден од истражувачите кои работат на прилагодување на процесот за конвенционалните рударски компании.
Досега, откриле околу 25 видови на растенија наречени хиперакумулатори кои зафаќаат високи концентрации на метали од почвата, и би можеле да формираат „phytomining“ плантажи. Некои од овие хиперкамулатори се одлични за производство на никел. Само едно растение од соодветен вид може да содржи до 11 килограми никел. Засега, никелот е најветувачки за „phytomining“, бидејќи чини речиси 20.000 долари по тон и постојат многу силни хиперакумулатори за него.
Рударството е прилично катастрофално за животната средина. По ископувањето, во суштина, останува земјиште кое не е корисно за многу работи. Почвата е осиромашена од многу хранливи состојки и непогодна за земјоделство. Но, погодна е за „phytomining“.
Овие растенија растат и во овие видови на почва.
Тоа значи дека локалните жители можат од пустата земја да извлечат вредни метали, и исто така, да се спречи ерозијата на областите со дождовни шуми. Покрај тоа, рударските компании добиваат алтернатива за пост-рударско користење на земјиштето.
Бербата на метали од растенијата е едноставна, слична како насадите со чај.
Истражувачите исто така веруваат дека „phytomining“ има потенцијал во места како Јужна Африка, САД, Турција, Грција и Австралија.
Освен никелот, истражувачите велат дека вредни метали како цинкот и кобалтот се исто така погодни за „phytomining“. Цинкот е широко распространет во производството и градежништвото, никелот се користи за нерѓосувачки челик и монети, а кобалтот е високо ценет за неговата употреба во батерии. Други потенцијални примени на „phytomining“, се за ретки метали кои се користат во електрониката, и платината во автомобилите и хемиската индустрија.
Златото е една друга опција која може да се создаде од растенија. Но, потребни се хемикалии како цијанид за да се раствори металот, со што би бил прифатлив за растенијата. Хипотетички,би можело да функционира само во строго обезбедени средини, поради токсичноста.
Иако идејата за „phytomining“ постои со години, рударската индустрија се уште е скептична во однос на тоа прашање.