На 28 ноември 2015 година, претседателот Обама го потпиша Вселенскиот Акт 2015 кој е дизајниран за да ја охрабри приватната вселенска индустрија.
Меѓу другото, овој акт има еден вид на „грејс период“ кој им овозможува на аерокомпаниите да лансираат ракети со многу мал надзор од владата и исто така им дава право на сопственост на ресурсите коишто ќе ги ископаат од астероидите или другите вселенски тела.
На почетокот на ноември, Конгресот го усвои овој предлог-закон, а сега, со потписот на Обама, официјално е закон.
Овој закон може да предизвика незадоволство кај другите земји, особено кај Русија и Кина бидејќи согласно Договорот за вселената, кој САД го има потпишано и ратификувано, вселената не припаѓа на ниту една нација и држава. Па така некои специјалисти за право сметаат дека САД нема право да дели имотни права за вселената и дека секоја таква одлука треба да ја донесе меѓународната заедница. Други експерти пак, поинаку го толкуваат значењето на Договорот за вселената, односно вселената ја посредуваат со морињата – секој ги поседува, а на рибарите не им е потребна меѓународна надлежност за да ловат риба.
Иако компаниите уште многу години нема да ја имаат технологијата за рударство во вселената, на Месечината или на астероидите, тие во секој случај ја прославуваат оваа правна победа.