Русите направија виртуелен човечки клон

Виртуелниот човечки клон е дизајниран целосно според човечкото тело, до последниот крвен сад. На пример, за да се содаде компјутерскиот модел на срцето биле искористени повеќе од 50 милиони опции.

„Сега, докторите ќе можат без операција детално да го испитаат човечкото тело однадвор и одвнатре“, велат научниците.

Виртуелниот човечки клон може да се прилагоди на секој пациент, според неговите физиолошки карактеристики. На тој начин, докторите ќе можат да анализираат различни третмани за секој пациент и да го одберат најсоодветниот, што на некој претставува експеримент што не може да се направи кај жив човек.

Создавањето на виртуелниот човечки клон е тешка задача која може да се оствари само со суперкомпјутер, а во случајов, супекомпјутерот на Универзитетот има перформанси од околу 600 терафлопи, или со поедноставни зборови, може да извршува илјада пати повеќе операции во секунда отколку конвенционалните компјутери. Ова е еден од трите најдобри суперкомпјутери во Русија, и еден од стоте најголеми компјутери во светот.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt