Руска компанија спремна да гради база на Mесечината

Нацрт-програмата за развој на базата, која е испратена за одобрување до Кабинетот за програмата на Месечината за 2014-2025 година, предлага да се издвојат околу 30 милијарди евра. Па така, оваа мисија со човечки екипаж, како и поставувањето на првите елементи на инфраструктура на Месечината се планирани по 2030 година.

Илин истакна дека овој проект вклучува користење на веќе постоечки техники и алатки кои може да се создадат во текот на наредните 5 години. Како засилувач, се предлага користењето на ракетата „Ангара“ која го направи својот прв лет во декември, а за овие потреби ќе биде надградена. „Лин Индустриал“ предлага да се извршат 13 лансирања на тешки ракети за да се изгради базата.

Првата населба на Месечината

Компанијата веќе смислила каде ќе ја постави првата населба – на планински предел на јужниот пол на Месечината. „Тоа е прилично мазна површина со директен поглед кон Земјата што обезбедува добри услови за комуникација и е погодно место за слетување. 89% од времето, на планината има сонце, а ноќта не трае повеќе од 3 до 6 дена и се случува само неколку пати годишно“, изјави Илин.

Периодот за можна реализација на проектот е 10 години од почетокот на донесувањето на одлуката, вклучувајќи плус 5 години за директната изградба и работните екипи.

Поддржете ја нашата работа: