Руските научници направиле диск кој чува податоци 100.000 години

Руските научници претставиле диск за кој велат дека  може да чува податоци повеќе од 100.000 години и кој е отпорен на оган, вода и на вселенското зрачење.

Дискот е изработен од кварцно стакло, има дијаметар како стандардно CD, а податоците на него се ставаат и се користат на сличен начин како и на СD, DVD и Blu-ray дисковите.

Според шефот на московсксата лабораторија за ласерско менување на стаклени наноструктури, Иван Глебов, истражувањата покажале дека капацитетот на дискот ќе може да се зголеми до еден терабајт меморија, што за другите видови оптички дискови е невозможно.

Податоците на сегашните хард дискови може да траат до 50 години, додека времетраењето на оптичките дискови и магнетните ленти изнесува помеѓу 60 и 100 години.

Тоа ги поттикнало научниците, во лабораторијата  да направат „вечен“ диск, во соработка со Фондацијата за напредни истражувачки проекти, вели Глебов.

Тој додава дека дискот ќе биде тестиран во библиотеки и архиви, додека комеријалното производство ќе започне во 2021 година.

 

Поддржете ја нашата работа: