Сакате да ослабете? Правете го тоа што го прават витките луѓе!

Многу пати сме слушнале дека појадокот е најважниот оброк во денот. Тоа можеби е вистина, но конзумирањето на хранлив и богат појадок може да преставува проблем за оние кои се обидуваат да ја намалат својата тежина. Додека многу реклами кои вклучуваат појадок ни покажуваат сад со житарици како дел од еден балансиран појадок, повеќето луѓе всушност и не знаат што треба тој да вклучува. Па, наместо да прашаат нутриционист, чијашто работа е да се храни здраво, истражувачите решија да ги прашаат обичните луѓе кои имаат здрава тежина во што е нивната тајна.

Истражувачкиот тим од „Cornell Food & Brand Lab“ направил онлајн истражување за да ги открие карактеристиките и однесувањата на луѓето со нормална тежина, кои немаат проблеми со тежината. Тие анкетирале 147 луѓе, од кои 118 жени и ги прашувале главно за составот на нивниот појадок. Главното прашање кое било поставувано било – Што имате за појадок во еден просечен ден?

Педесет и еден процент од анкетираните одговориле дека најчесто јадат овошје како дел од најважниот оброк во денот. По него следат млечните производи со 41 процент, па потоа разните видови на житарици кои се најдоа на третото место со 33 проценти. Само 4 проценти од луѓето одговориле дека го прескокнуваат појадокот, што е одлично, бидејќи истражувањата покажуваат дека со прескокнување на појадокот се зголемува ризикот за срцев удар или коронарна срцева болест.

„Еден важен заклучок од ова истражување е дека многу висока стапка од слабите луѓе всушност појадуваат наместо да го прескокнуваат појадокот, што е во согласност со претходните истражувања за важноста на појадокот. Но, она што се издвојува е тоа што не само што појадуваат, туку јадат здрава храна како што е овошјето и зеленчукот. Исто така, конзумацијата на јајца е повисока отколку што очекуваме“ – изјавува водечкиот автор Ана- Лена Вуринен.

healthy-breakfast

Иако појадокот бил главната тема на истражување, истражувачите исто така откриле дека витките луѓе имаат различни наклоности кога станува збор за храната која ја конзумираат. Мнозинството го сметале пилешкото за омилено месо, додека само 7 проценти се сметале за вегетаријанци. Триесет и пет проценти одговориле дека не пијат безалкохолни пијалоци, додека пак 19 проценти не пиеле алкохол.

Што се однесува до физичката активност и вежбањето, мнозинството од нив одговориле дека биле физички активни еден до три дена во неделата, и скоро половината од испитаниците никогаш не држеле диета.

Иако ова може да не е многу корисно за тие што сакаат да ја намалат својата тежина, сепак ни дава еден увид за тоа како витките луѓе остануваат такви – со здрава исхрана и редовно вежбање. „Cornell Food & Brand Lab“ имаат една фраза за овие наоди: „Правете го тоа што витките луѓе го прават“.

Поддржете ја нашата работа: