Долги години постои сомнеж дека Салвадор Дали имал вонбрачна ќерка и со ексхумација експертите сакале тоа и да го докажат.
Шпанските експерти по судска медицина го ексхумирале телото на познатиот уметник Салвадор Дали, поради извршување на ДНК анализи и потврдување на татковство. Но, она што е откриено во текот на постапката е добро сочувано тело и уште посочувани бркови, кои биле останати на истото препознатливо место во завиена положба.
Судот во Мадрид, минатиот месец донел одлука да се ексхумира телото на Салвадор Дали со цел да се земат примероци од ткивото. Одлуката е донесена откако Пилар Абел од Шпанија барала да биде приизнаена како ќерка на славниот сликар, и тврди дека Дали имал афера со нејзината мајка, која била слугинка во семејство во близина на неговиот дом во 1955та година.
Пилар Абел, барањето за потврдување на татковство и ДНК анализа, го поднела во март 2015та година. Абел е родена 1956та година, кога Дали бил во брак со така наречената Гала Дали, чие право име гласи Елена Ивановна Диаконова. Немале деца. Абел тврди дека нејзината повеќе пати и напоменала дека е ќерка на Дали, а еднаш веќе правела ДНК анализа, но резултатот не покажал јасен одговор.
Нарцис Бардал, форензичар кој го извел балсамирањето на телото на славниот уметник во 1989та година, бил присутен на отворањето на гробот. “Бев многу нервозен бидејќи не знаев што не чека. Останав шокиран во секој случај. Чудно е како мустаќите му останале идентични, а и косата останала иста,” вели тој.
Доколку се потврди дека Абел е ќерка на Дали, ќе и припадне четвртина од неговото богатство, но доколку не е, судот и се заканува со наплата за трошоци за ДНК анализите и слично.