Самсунг само што направи чекор напред кон научната фантастика. Јужна Кореја го одобри патентот за контактни леќи со дисплеј кој може да проектира слики директно во окото на корисникот. Оваа вест деста доаѓа од „Samsung-centric blog SamMobile“.
Леќите се опремени со вградена камера и сензори кои може да се контролираат едноставно со трепкање. Содржината се испраќа до вашиот паметен телефон преку вградени антени. Тука се обработуваат податоците.
Според „SamMobile“, главната причина за развој на паметните контактни леќи е ограничениот квалитет на сликата кој може да се постигне со паметните очила.
Со помош на леќи, наместо наочари, корисниците ќе можат да уживаат во поголема виртуелна реалност многу подискретно.
Поглед во иднината
Трепкањето како контрола на окуларниот интерфејс може да доведе до многу незгодни ситуации и случаен инпут, но не е нереално. За среќа, секогаш може да го контролирате интерфејсот преку вашиот паметен телефон, како и сето останато.
Со овој патент, Самсунг му се придружува на Гугл кој исто така поседува два патенти за паметни леќи. Леќите на Гугл главно се наменети за медицински цели и имаат сензори и флексибилна електроника за одредување на нивото на шеќер во крвта преку хемикалиите од солзите.
И Гугл и Самсунг ги поднеле патентите во своите земји во 2014 година. Сепак, можно е двете компании моментално да се во фаза на концепт, наместо активно да развиваат прототип на паметните леќи.
Всушност, технолошките компании поднесуваат барања (и добиваат одобрение) за разни патенти, но тоа не значи дека потоа мора да следи и соодветно комерцијално издание. А бидејќи има многу технологии кои ги развиваат и ги патентираат и големите и малите компании, можеби оваа вест и не е причина за голема возбуда, но секако е причина за надеж.