Самсунг предлага интернет преку 4.600 сателити

Се предвидува дека до 2028 година, 5 милијарди корисници на интернет низ целиот свет ќе користат најмалку 1 зетабајт месечно (1 зетабајт има 1.000 ексабајти, 1 ексабајт има 1.000 петабајти, а 1 петабајт има 1.000 терабајти), што значи дека треба сериозно да размислиме како ќе се овозможи сето тоа.

Самсунг предлага изградба на група сателити кои емитуваат интернет, со тоа што тие ќе бидат поставени во ниската земјина орбита. Така ќе се избегнат проблемите на сегашните комуникациски сателити кои се наоѓаат во геостационарната орбита (околу 35 илјади км. над површината на Земјата) што ја ограничува брзината поради времето коешто е потребно за да се пренесат податоците. Самсунг предвидува дека ќе бидат потребни околу 4.600 сателити за да се покрие целата планета.

Како и да е, остварувањето на оваа идеја не е лесно (и на Бил Гејтс тоа му е веќе познато). Самсунг се’ уште не изјавиле ништо за тоа дали ќе преземат нешто околу ова, па останува да почекаме и да видиме.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,233од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.