Шест недоволно познати жени научници

Издвојуваме шест жени кои дале огромен придонес за науката и светот, а чиј труд не е доволно признаен или пак е присвоен од други.

ПредходнаСледно

11 Хеди Ламар (Хедвиг Кислер) (1914 – 2000)

Австриската и холивудска филмска актерка, Хеди Ламар, која своевремено била нарекувана „најубавата жена на светот“, била исто така и изумител на еден вид бежична комуникација која денес се користи во мобилните телефони „GPS“ и „Wi-Fi“ системите.

Работејќи заедно со композиторот Џорџ Антејл развиле и патентирале систем за радио наведување на торпедата со технологија на широк спектар, а иновацијата и ја донирале на морнарицата на САД.

Морнарицата не го искористила овој систем во Втората светска војна, но идејата била повторно обновена во 1950 година и станала инспирација за технологијата која е основа на денешните бежични комуникации.  

1. Хеди Ламар (Хедвиг Кислер) (1914 – 2000)

22 Беатрис Потер (1866 – 1943)

Иако е најмногу позната како автор на детски книги, Беатрис Потер била исто така и извонреден ботаничар, со особен интерес кон микологијата, односно проучувањето на габите.

Таа била првата личност во Британија која во научен труд изнела претпоставка  дека лишаите се симбиотички форми и развила теорија дека габите се размножуваат со спори, која во тоа време била отфрлена.

Потер ги вршела експериментите во својата кујна и детално ги бележала нејзините опсервации за својствата на алгите и габите.

2. Беатрис Потер (1866 – 1943)

33 Дороти Хоџкин  (1910 – 1994)

Дороти Хоџкин била една од само двете ученички во нејзиното училиште на кои им било дозволено да присуствуваат на часовите по хемија, заедно со момчињата.

Својата работа потоа ја продолжила на Универзитетот Оксфорд, и ја истражувала релативно новата техника – рендгенска структурна анализа.

Најзначајното дело на Хоџкин е одредувањето на структурите на пеницилинот, инсулинот и витаминот Б12 , за што ја добила Нобеловата награда за хемија во 1964 година.

3. Дороти Хоџкин  (1910 – 1994)

44 Розалинд Френклин (1920 – 1958)

Работата на Розалинд Френклин содржи клучен придонес за разбирањето на најосновните градежни блокови на телото. Со помош на дифракција на Х-зраците, таа ја открила формата на ДНК.

Френклин основала лабораторија каде што направила извонредно јасни дифракциски снимки на ДНК и со години вршела математички анализи, што ја довеле до заклучокот за двојната спирална структура на ДНК.

Без дозвола на Френклин, нејзиниот колега Морис Вилкинс, им покажал една од нејзините слики на Џејмс Вотсон и Франсис Крик, кои исто така се обидувале да ја одредат структурата на ДНК.

Овие научници објавиле серија написи за ова откритие, во кои придонесот на Розалинд Френклин бил спомнат само во фуснота, а четири години по нејзината смрт ја примиле Нобеловата награда.

4. Розалинд Френклин (1920 – 1958)

55 Лиза Мајтнер (1878 – 1968)

Физичарката од областа на радиоактивноста и нуклеарната физика, Лиза Мајтнер ги надградила наодите на позната Марија Кири и нејзината ќерка Ирена.

Мајтнер се преселила од родната Австрија во Берлин, Германија за да студира, но како жена и Еврејка била исклучена од главната лабораторија и предавањата, па своите истражувања морала да ги врши во подрумски простории, каде што ги проучувала радиоактивните елементи заедно со својот колега-научник Ото Хан. Тие двајца откриле дека кога атомите од ураниум се бомбардираат со неутрони се разделуваат, ослободувајќи енергија во – како што ја нарекла Мајтнер „нуклеарна фисија“. Ова откритие подоцна довело до создавање на атомската бомба и нуклеарните реактори.

Мајтнер била принудена да пребега од нацистичка Германија во Шведска во 1938 година, но таа и Хан продолжиле да соработуваат од далечина. Нивното откритие за нуклеарна фисија му ја донело на Хан Нобеловата награда во 1944 година, додека Мајтер била игнорирана од Нобеловиот комитет.

5. Лиза Мајтнер (1878 – 1968)

66 Д-р. Франсис Олдам Келси (1914 – 2015)

Фармакологот Френсис Олдман Келси спречила да се родат безброј деца со дефекти бидејќи не дозволила Администрацијата за храна и лекови на САД (United States Food and Drug Administration -FDA) да го одобри лекот талидомид.

Само еден месец откако почнала да работи за „ФДА“ во 1960 г, Келси добила задача да го разгледа барањето за употреба на талидомид, којшто веќе се користел во повеќе земји, меѓу кои и Австралија, како лек за утринските мачнини кај бремените жени.

Разгледувајќи го барањето, Келси не била уверена дека лекот е сигурен за употреба како што се тврдело. Таа се спротивставила на притисоците лекот да биде одобрен брзо, со образложение дека е потребно да се направат дополнителни испитувања.

Лекот никогаш не бил одобрен во САД, но ширум светот се родени приближно 10.000 деца со деформитети, како последица на употребата на талидомид за време на бременоста.

Случајот на Келси довел до воведување на построги критериуми при одобрувуњето на нови лекови од страна на ФДА, а таа била наградена со највисоко цивилно одликување на САД од страна на претседателот Џон Ф. Кенеди во 1962 година.

6. Д-р. Франсис Олдам Келси (1914 – 2015)
ПредходнаСледно