Шкотска несомнено постави амбициозни цели кога станува збор за обновливите извори на енергија, но се чини дека прогресивната агенда на земјата вродува со плод.
Новите статистики објавени од Одделот за енергија и климатски промени на Велика Британија покажуваат дека Шкотска минатата 2015 година генерирала 57,7% од својата потрошувачка на енергија од обновливи извори на енергија.
Оваа бројка дури ја надминува целта која владата ја постави за 2015 година, а тоа беше земјата да генерира половина од побарувачката на енергија од обновливи извори, што значи дека Шкотска веќе се наоѓа на повеќе од половина пат до својата крајна цел – до 2020-та година целосно да генерира енергија од обновливи извори.
Но, остварувањето на оваа цел можеби ќе треба да се одложи за 10 години со оглед на тоа што минатата година Британската влада значително ги намали субвенциите наменети за индустријата со обновливи извори на енергија, но сепак приврзаниците остануваат оптимисти.
Досегашната бројка е навистина неверојатна и со соодветната поддршка од владата, Шкотска, до 2030-та година, би можела да стане првата земја која целосно ја добива својата електрична енергија од обновливи извори на енергија.