Што ќе се случи ако се напиете крв?

Пиењето крв се смета како основна карактеристика на вампирската субкултура. Оние кои започнуваат ваков начин на живот, најчесто се групираат во мали кланови и практикуваат пиење на животинска или човечка крв (преферираат човечка, а некои имаат и донори) бидејќи сметаат дека им е потребна за да имаат енергија и сила, а често ја користат крвта и како фетиш при сексуалните односи. 

Покрај очигледните болести кои се пренесуваат преку крвта, како хепатит Б, хепатит Ц и ХИВ, конзумирањето на човечка крв во големи количини е отровно. Всушност, конзумирањето на крв е исто како и конзумирањето на кој било друг отров – мала количина нема да предизвика никаква штета, но преголема може да биде опасна по живот, а тоа се должи на железото во крвта. На нашето тело му е потребно железо за да функционира, но преголемите количини се токсични и може да предизвикаат заболување на црниот дроб и срцето.

 

Поддржете ја нашата работа: