Што ќе се случи ако се олади јадрото на Земјата?

Веројатно ви е познато дека најжешкото место на Замјата е нејзиното јадро. Според сеизмолошките истражувања, јадрото е сместено во самиот центар на планетата и има радииус од околу 1220 километри. Се состои главно од легура од никел и железо. Јадрото е исто така многу густо, што значи дека содржи и големо количество на други тешки метали и многу малку лесни метали, заедно со трагови од силициум.

Гравитацијата на јадрото е три пати посилна од гравитацијата на површината на планетата. Исто така треба да се напомене дека, иако сама по себе е доволна, неговата температура се потенцира и од топлината што се создава од гравитационата фрикција, предизвикана од движењето на тешките материјали во близина на регионите каде јадрото и обвивката на Земјата (мантл) се одвоени.

The-core-1

Што ќе се случи ако јадрото се олади?

Ова дефинитивно е една од работите што побудува колективна љубопитност, но и дефинитивно работа што не би сакале да се случи. Јадрото на нашата планета врши бројни функции кои се од суштинско значење за одржување на животот на Земјата. Сите овие витални функции ќе се нарушат доколку јадрото се олади. Или, да биде уште појасно, ако се олади јадрото и Земјата ќе стане ладна и во суштина мртва планета. Ова главно е крајниот резултат, но еве кои се специфичните ефекти што би ги предизвикало ладењето на јадрото на Зејата.

Ладењето на јадрото, не само што би резултирало со отсуство на геотермална енергија, туку над површината би завладеела темница, бидејќи производителите на енергија во целиот свет ја користат топлината од Земјината кора за да загреат вода која создава пареа. Пареата, понатаму ги покренува турбините кои преку сложен процес создаваат електрична енергија. Со други зборови, ладно јадро, значи и мрак на Земјата.

Покрај тоа, планетата исто така би била нападната и од опасна радијација од Сонцето, со оглед на тоа дека јадрото помага да се создаде заштитниот атмосферски и магнетен слој околу површината на планетата. Постојаните промени на железото во јадрото го формираат моќниот штит околу Земјата што не штити од штетното космичко и соларно зрачење. Без тој штит, овие лоши зрачења би предизвикале појава на рак во огромна мера како и претерано загревање на планетата. Тука се и соларните ветрови кои цело време поминуваат околу нашата планета, но се отклонуваат благодарение на овие невидливи сили. Некои од овие „ветровити налети“ се доволно силни да ги исушат сите реки и океани, но нашето врело јадро спречува да дојде до тоа.

Постојат многу хипотетички прашања кои ги засегаат научниците, особено кога се работи за потенцијалните решенија за климатските промени и глобалното затоплување. Во истата категорија спаѓа и оваа хипотеза –за ладењето на Земјиното јадро, но подобро да остане само хипотеза, бидејќи реалноста, ако вакво нешто и се случи на нашата планета, би била катастрофална.

Поддржете ја нашата работа: