Што можат да не научат магионичарите за уметноста на манипулирање?

Сега Џеј има 28 години и е професионален магионичар и дипломиран психијатар на Универзитетот Мекгил. Тој неодамна спроведе експерименти со магионичарски трикови за да покаже колку перцепциите и одлуките на луѓето се подложни на манипулација.

„Магионичарите знаат дека можат да влијаат на луѓето речиси во секое време”, изјави Олсон за „Хафингтон пост“. „Она што мене ме изненади, сепак, е дека луѓето не го чувствуваат ова влијание.”

Во една студија објавена минатиот месец во списанието „Consciousness and Cognition“, Олсон и колегите се осврнаа на популарниот трик со картите– изберете карта и вратете ја во купот, со цел да се види до кој степен може да се влијае на изборот на луѓето без тие да се свесни за тоа. За трикот да биде успешен, волонтерите се чувствуваат како да имаат контрола и не сфаќаат дека магионичарот суптилно ги манипулира да одберат одредена карта.

Во експериментот, Олсон измешал шпил карти и побарал секој волонтер да избере една, по случаен избор. Тој го користел трикот со претставување на една картичка за дел од секунда подолго од другите – тоа обично влијае да се избере баш таа карта.

Олсон влијаел на изборот 98 проценти од времето, само со суптилно подобрување на видливоста на целната карта. Само 9% од испитаниците помислиле дека Олсон некако им влијае на одлуката.

Луѓето имаат многу пост објаснувања за тоа зошто тие направиле нешто, но вистинската причина е веројатно дека биле под влијание. Процентот е премногу голем за да се препише на случајност или пак дека тие навистина сакаат ас во срце, на пример.

Олсон објаснува дека ние често не се чувствуваме изманипулирани, дури и кога нашите избори се, всушност, под влијание на надворешни сили.

Главниот заклучок од ова истражување е дека чувството на слободен избор не е нешто што е директно поврзано  со влијанијата врз одлуката сама по себе.

Ние сме најверојатно жртви на ваквите влијанија во многу други секојдневни, реални ситуации.

На пример, вие веројатно мислите дека одбирате јадење во ресторан само врз основа на вашите лични преференции, но вашата одлука може да биде под влијание на изгледот на менито. Истражувањата покажуваат  дека најчесто се одбира првата или последната ставка од менито, бидејќи први го привлекуваат вниманието.

Опциите кои се повеќе достапни за вас и кои ви привлекуваат внимание се оние кои се почесто ќе ги одбираме. Ова се навистина мали влијанија, но фактот дека јадеме по 1000 оброци во годината некаде по ресторани, тоа би можело да се одрази на вашето здравје.

Олсон се надева дека наодите, меѓу другото, ќе им помогнат на луѓето во донесувањето на подобри здравствени одлуки. Ставањето поздрав избор на храна во повеќе видливи и достапни места во вашата кујна, на пример, може да ви олесни да ја изберете баш таа храна. Олеснете си го животот со многу малку напор.

Свесноста за овие „мали“ тактики на убедување, исто така, може да ви помогне да дознаете кога сте измамени – на пример при играњето со цените на трговците, нудејќи нереално ниски или високи цени, кои подоцна ги зголемуваат/намалуваат.

Во принцип, кога се работи за големи и важни одлуки, дистанцирајте се себеси. Не одлучувајте веднаш, отспијте и разговарајте со другите. На тој начин слабеат ситуационите фактори кои можат да влијаат на одлуките. 

 

Поддржете ја нашата работа: