Што се случува кога јадеме пред телевизор?

Истражувачите од Универзитетот во Минесота објавија нова студија за истакнување на потенцијалните ризици по здравјето од оваа практика на јадење пред телевизор, особено за семејствата со деца.

Наодите откриваат дека семејствата кои гледаат телевизија за време на вечерата имаат тенденција да јадат помалку здрава храна и помалку да уживаат во оброците. Ова се покажало за точно дури и кога телевизорот бил пуштен само како во позадина без семејствата воопшто да гледаат.

Истражувачите дошле до овој заклучок по анализата на видео снимки од 120 семејства кои имале дете на возраст од 6 до 12 години. Учесниците биле регрутирани главно од клиниките за примарна здравствена заштита помеѓу 2012 и 2013 година и поголемиот дел од нив биле од малцински групи со низок приход.

Податоците биле собрани од страна на истражувачкиот тим откако семејствата ќе направеле две снимки од своето групно јадење – кога телевизорот е вклучен и кога не е, притоа известувајќи за тоа што јаделе и колку уживале во тоа.

„Семејните оброци делуваат заштитнички на многу аспекти од здравјето на децата. Имајќи го тв-уредот вклучен за време на оброкот може да ја намали можноста за оваа врска помеѓу членовите на семејството и да го намали заштитниот ефект на оброкот“- вели главниот автор Аманда Трифолс.

Исто така, истражувачите откриле дека децата од фамилиите кои гледале телевизија за време на оброците немале зголемена веројатност за здебелувања во споредба со оние кои не гледале.

„Семејствата кои гледаат на семејниот оброк како време да се поврзат и уживаат меѓусебно имаат поголема веројатност да го исклучат телевизорот, да имаат поквалитетен оброк и да уживаат во него“ – додава Трифолс.

Поддржете ја нашата работа: