Што се случува во мозокот додека спиеме?

Сонот служи за клетките да се исполнат со енергија, да се исфрли отпадот од мозокот и да се потикне учењето и меморијата. Исто така игра важна улога и во регулирањето на расположението, апетитот и либидото.

Спиењето е составен дел од нашиот живот и како што покажуваат истражувањата, тоа е неверојатно сложен процес. Мозокот генерира два различни вида на спиење: SWS фаза со бавни бранови, позната како длабок сон, и REM фаза со брзо движење на очите, позната како фаза на сонување. Поголемиот дел од нашето спиење се одвива во SWS фазата, окарактеризирано со големи бавни мозочни бранови, опуштени мускули и бавно длабоко дишење, што му помагаат на мозокот и телото да закрепнат по долг заморен ден.

Кога ќе заспиеме, мозокот не се исклучува, туку низа организирани настани го ставаат во различни фази на спиење. Технички, спиењето започнува во областите кои произведуваат бавни мозочни бранови. Научниците имаат конкретни докази дека две групи на клетки – вентролатералното преоптичко јадро во хипоталамусот и парафацијалната зона во мозочното стебло – се вклучени во потикнувањето на бавни мозочни бранови. Кога овие клетки ќе се вклучат, предизвикуваат губење на свеста.

Потоа следи REM фазата, која е прилично бизарна – мозокот е активен, мускулите на телото се парализирани, а дишењето и срцевиот ритам се непостојани. Целта на оваа фаза, биолошки, и понатаму останува мистерија, и покрај се поголемото разбирање на нејзината биохемија и невробиологија.

На научниците им е познато дека мала група на клетки во мозочното стебло го контролираат REM спиењето. Кога тие клетки ќе се повредат или разболат, луѓето не ја доживуваат мускулната парализа што доведува до пореметувања во спиењето кои се манифестираат со насилно реагирање на соништата.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt