Шведскиот град Кируна пропаѓа во земјата

На околу 200 км. северно од арктичкиот круг лежи градот Кируна, во Шведска – шармантна заедница од околу 18 илјади жители која обезбедува 90% од сето железо што се продава во Европската Унија. Но, има еден проблем – градот пропаѓа во земјата.

Рудниците за железо се лоцирани речиси директно под центарот на градот, и како резултат на долгогодишото ископување, темелите на градот се разлабавени и земјата е деформирана. Доколку рудникот продолжи со работа, градот може целосно да пропадне.

_73394691_new-topЗа да не дојде до тоа, властите на Кируна преземаат драстични мерки. Имено, тие планираат да го поместат целиот град и неговите жители за 3,2 километри на исток, подалеку од рудникот.

Експертите проценуваат дека поголемиот дел од структурите во Кируна ќе пропаднат во проширените рудници под земјата до 2050 година, па планот за поместување на целиот град е веќе во тек и се очекува да се заврши до 2040 година.

Поради близината на арктичкиот круг, во поголемиот дел од годината овој град е темен и студен, а тоа дополнително ја отежнува работата на инфраструктурата.

Како дел од преместувањето на градот, ќе се преместат цели продавници, канцеларии и куќи. Некои избрани обележја ќе се преместуваат тула по тула, или пак целосно со помош на кранови, но во повеќето случаи зградите ќе се демолираат па потоа повторно ќе се изградат.

Што се однесува до рудникот, управуван е од страна на државната компанија „Luossavaara-Kiirunavaara AB“ која всушност и ги подмирува трошоците за преместување на градот. До 2010 година потроши 2,4 милијарди долари, а во следните години се очекува да потроши уште 3,8 милијарди долари. Вкупниот трошок за релоцирање на градот се’ уште не се знае, но од компанијата сметаат дека нивната богата понуда не железна руда ќе го финансира проектот уште многу години.

deformation-zoneАрхитектонската фирма која стои позади овој проект планира да го премести центарот на градот во наредните 5 години, завршувајќи некаде помеѓу 2019 и 2021 година, додека преместувањето на целиот град ќе трае многу подолго. Градот полека ќе се преместува на исток во текот на следните 30 години, а целосниот план кој вклучува и подобрување на дизајнот и изгледот на градот се очекува да биде готов некаде околу 2100 година.

Поддржете ја нашата работа: