Симптоми и видови на шизофренија

Шизофренијата е сериозно ментално нарушување кое влијае на начинот на кој лицата размислуваат, се чувствуваат и се однесуваат.

Додека сите сме запознаени со холивудскиот опис на шизофреничарите како налудничави и опасни, во реалноста тоа е тешка и комплицирана здравствена состојба која влијае на различен начин на различни луѓе.

Лицата со оваа состојба често имаат проблем да ја разликуваат реалноста од нивните заблуди и како резултат на тоа може да се повлечат и да имаат проблем во комуникацијата и социјализацијата со други луѓе. Вистинската причина за шизофренијата не е јасна, но истражувачите сметаат дека е предизвикана од комнинација на генетска предиспозиција и нерамнотежа во мозокот. Всушност постојат пет различни форми, односно подвидови на шизофренија и еве што треба да знаете за нив:

Параноидна шизофренија

Според „Medical News Today“, ова е најчестата форма на шизофренија. Лицата со овој подвид на шизофренија веруваат дека некое лица, или група лица, прават заговор против нив или против членови на нивната фамилија.

Повеќето лица со параноидна шизофренија имаат аудитивни халуцинации, како што е слушањето гласови.

mental illness

Неорганизирана шизофренија

Според „Medical News Today“, неорганизираната шизофренија се карактеризира со неповрзано и нелогични мисли и однесување. Се смета дека ова е најтешката форма на шизофренија бидејќи лицата кои страдаат од неа многу тешко функционираат нормално и многу тешко ги извршуваат секојдневните задачи, како што се хранењето и бањањето. Исто така често се вознемирени и може да се однесуваат чудно и несоодветно, како на пример да носат неколку слоеви облека во топол ден или да покажуваат сексуално однесување во јавност.

Кататонична шизофренија

Овој вид се карактеризира со драматично намалување на активноста, до тој степен што доброволното движење целосно запира. Лицата заболени од овој вид на шизофренија може да покажат драматични зголемувања на движењето за време на состојбата позната како кататонична возбуда, при што може да заземат невообичаени положби на телото, или да манифестираат искривеност на лицето или движење на екстремитетите. Другите симптоми вклучуваат повторување на зборовите како папагал и имитирање на движењата на другите.

Заостаната шизофренија

Овој вид ја опишува состојбата кога симптомите на пациентите, како што се халуцинациите, заблудите и слично, драстично се намалени, понекогаш до степен каде што и не се забележуваат. Според „Psych Central“, оваа шизофренија најчесто се дијагностицира по најмалку една година на минимални симптоми, но лицата кои страдаат од неа често немаат никаков интерес или мотивација во животот.

dt_150410_schizophrenia_800x600

Шизоафективно пореметување

Според „Mental Health America“, шизоафективно пореметување е кога едно лице има симптоми на шизофренија и на некое друго нарушување поврзано со расположението, како на пример депресија, пореметување на расположението или манија.

Ова пореметување е поретко во споредба со другите видови на шизофренија, но за жал често погрешно се дијагностицира како биполарно растројство или шизофренија бидејќи дели повеќе заеднички симптоми.

Поддржете ја нашата работа: