Сипа која ја менува бојата

Научниците се обидуваат да го имитираат овој процес за да создадат вештачка кожа и камуфлажа кај човекот.

Ова видео ни ја покажува магијата на овие мали животинчиња. Се работи за сипа од видот „Metasepia pfefferi“која користи хроматофори (клетки кои ја менуваат бојата на кожата) за да го промени својот изглед.

Додека повеќето животни ја користат оваа способност за да се камуфлираат, односно да се вклопат во околината, оваа сипа ја користи својата боја за да ги предупреди предаторите да не ја јадат. Сипите со дречлива боја се многу отровни. За среќа, луѓето ретко се среќаваат со нив.

 

Поддржете ја нашата работа: