Следниот месец не очекуваат два ретки космички настани

Април и мај се навистина возбудливи месеци за астрономијата.

Најпрво не очекува спектакуларен метеорски дожд, благодарение на Халеевата комета.

Халеевата комета е најпознатата комета во историјата на човештвото и од Земјата може да се види на секои 75 години, колку што и е потребно за да го заобиколи Сонцето. Секоја година, околу април и октомври, Земјата поминува низ остатоци од нејзината опашка, што резултира со метеорски дождови. Кометата последен пат беше видена во 1986 година, а следен пат ќе помине покрај Земјата во 2061 година.

Метеорскиот дожд ќе започне на 20 април и ќе трае до 21 мај, но од Земјата најдобро ќе може да се види од 5 до 7 мај во раните утрински часови.

Source: Giphy

 

Покрај тоа, на почетокот на мај исто така ќе можеме да ја видиме и најмалата планета, Меркур, како поминува пред Сонцето. Бидејќи орбитата на Меркур е мала, оваа планета почесто поминува пред Сонцето – околу 13 или 14 пати во текот на еден век, но сепак се смета за редок настан кој нема да се повтори во следните 3 и пол години, па сигурно не би сакале да ја пропуштите шансата да видите колку всушност е големо нашето Сонце.

Овој настан се случува кога Меркур поминува меѓу Сонцето и Земјата, а оваа година ќе започне на 9 мај околу 11 часот претпладне и ќе трае околу 8 часа.

Настанот ќе биде видлив од источниот брег на Северна Америка, поголемиот дел од Јужна Америка, Западна Европа и западниот брег на Африка, а земјите во западна Азија и западниот дел на Северна Америка исто така ќе можат да видат дел од поминувањето.

tm2016-Fig02aЛуѓето во Индонезија, Австралија и источна Азија ќе го пропуштат целиот спектакл, но ќе има многу опции и можности за целиот настан да се следи на интернет.

За оние кои ќе имаат доволно среќа да гледаат на отворено, нема потреба да се напоменува дека гледањето директно во сонцето без соодветна заштита ќе ги оштети очите. Постојат многу безбедни начини за да се гледа настанот во сета негова слава, а имате и доволно време да се подготвите.

Но дури и со соодветната опрема, Меркур ќе изгледа како мала црна точка која поминува преку површината на Сонцето. Неверојатен поглед на големината на Сончевиот систем, нели?

go movie

Поддржете ја нашата работа: