Слушнете ја најозогласената песна за самоубиства

Озлогласената песна „Мрачна недела“ или „Gloomy Sunday“ се поврзува со повеќе од сто самоубиства, вклучувајќи го и она на човекот кој ја компонирал. Позната е и како Унгарската песна за самоубиства.

Напишана е во 1933 година од страна на Реже Шереш, при крајот на Првата светска војна, кога на планетата владеела вистинска депресија. Сепак, се верува дека инспирацијата за оваа мелодија ја добил откако неговата девојка го напуштила.

Песната, оргинално наречена “Szomorú Vasárnap“, станала позната (во негативна смисла) дури 2 години подоцна откако нејзината снимена верзија од Пал Калмар била поврзано со серија самоубиства, па поради тоа била забранета.

Унгарија има навистина висока стапка на самоубиства (околу 46 од 100 илјади жители извршуваат самоубиство секоја година), па самото тоа било и повеќе од доволно за да ја забранат песната.

Озлогласеноста на песната стигнала и до ушите на музичките издавачи од Америка и Англија, па така тие направиле свои англиски преводи и снимки.

Конечната верзија на песната била снимена од Били Холидеј во 1941 година. И покрај конфликтните извештаи песната никогаш не била официјално забранета во САД, но набрзо била забранета во Англија бидејќи се сметала за „премногу вознемирувачка“ во раните 40-ти години. Така, на радијата била дозволена само инструментална верзија (без текстот), а забраната била укината дури во 2002 година.

Што се однесува до Рене Шереш, постојат неколку верзии за неговиот трагичен крај. Тој неколкупати се обидел да се убие и конечно успеал во 1968 година кога скокнал од прозорецот на еден стан во Будимпешта. Неговото самоубиство само ја запечатило легендата за песната на самоубиствата.

Поддржете ја нашата работа: