„Смајли“ од вселената

Ова насмеано лице кое лебди во вселената е откриено од страна на вселенскиот телескопот „Hubble“. Овој феномен е познат како „Ајнштајнов прстен“, именуван според Алберт Ајнштајн кој во својата теорија за релативитет го споменува неговото постоење.

„Очите“ се всушност галаксии кои се дел од кластерот познат како „SDSS J1038+4849“, а развлечената полкружна „насмевка“ претставува светлина од далечни галаксии. „Лицето“ е создадено како резултат на превиткувањето на просторот, односно светлината која се прекршува како леќа за да создаде растегната слика на далечните галаксии, процес познат како гравитациска леќа.
ЕНаука.мк e проект во кој главната движечка сила се лица со хендикеп и негови главни цели се враќање на интересот за науката и технологијата во нашите домови, институции и медиуми, како и да докаже дека вистинското место на лицата со хендикеп е во македонската наука и економија. Редовното посетување на нашиот портал, споделувањето и дискусија на интересните статии ќе овозможи одржливост на овој проект и ќе поттикне други слични идеи од кој бенефит би имало целото општество.

Поддржете ја нашата работа: