Снимени пингвини во неверојатна подводна борба за храна

Фолкландските острови се дом на околу 130 илјади парови на папуански пингвини – најголемата популација од овој вид на пингвини. Џонатан Хандли, докторант на Универзитетот Нелсон Мендела во Порт Елизабет, Јужна Африка, ги проучува во текот на три сезони на парење, уште од 2011 година.

Со помош на камера прикачена на еден пингвин, тој успеал да сними неверојатна подводна тепачка за храна. Еден пингвин фатил голема лигња премногу голема за да ја голтне цела, па одеднаш друг пингвин ја зграпчува и ја краде. Се приклучува и трет додека првиот очајно се обидува да си го зачува својот плен. Се развива војна и на крајот лигњата е распарчена на два дела.

Ова однесување е сосема ново и неочекувано не само за овој вид на пингвини, туку за сите пингвини воопшто.

Поддржете ја нашата работа: